По телефон, писмено или во личен разговор, благодарение на нашето искуство во овие моменти, ќе ви ја објасниме точно и сеопфатно целата постапка за пренос на починатиот кон родниот крај.
За да можеме да го испланираме оптималниот превоз, според вашите желби и очекуваните трошоци, многу е важно од ваша страна да ни ги дадете точните и целосни информации.
Откако ќе нè ангажирате, ние се грижиме за сите потребни документи — потврда за смрт од болницата, извод за смрт, спроводница и друго. Исто така, на ваше барање ги организираме соодветните верски обреди и превозот на починатиот, најпрво до домот, а потоа до гробиштата.